“Реал Мадрид е најголем клуб во светот, секогаш му кажуваат ДА!“

857

И дефинитивно на лето Килијан Мбапе ќе го облече белиот дрес на Реал Мадрид, со тоа ќе заврши најголемата трансфер сага која го дрма светот на фудбалот веќе 2-3 години.

Мбапе во Реал Мадрид, тоа е веќе стварност.

За овој трансфер свој коментар имаше Руд Гулит, легендарниот Холанѓанец и некогашен член на Милан од најславните денови на овој клуб:

Видете, Реал Мадрид е најголем клуб во светот. Кога овој клуб ќе те повика во своите редови, секогаш кажуваш ДА, никогаш не кажуваш НЕ. Јас го разбирам Килијан Мбапе, исто така го разбирам и Реал Мадрид кој со оглед на својата големина секогаш сака да ги има најдобрите фудбалери во светот“ изјави Гулит.

ПретходноЈувентус ја одбра замената за Алегри
СледноМакс Верстапен: Хорнер е супер шеф, продолжуваме да работиме заедно!