Скај откри зошто Чаби Алонсо ќе го одбере Баерн пред Ливерпул

509

Чаби Алонсо прави одлични работи оваа сезона на клупата на Баер Леверкузен, што го привлече вниманието на некои европски клубови, а најголем интерес за него покажаа Ливерпул и Баерн кои се во потрага по нов тренер.

Познато е дека Јирген Клоп на крајот на сезоната си заминува од Ливерпул, а и Баерн ќе остане без тренер бидејќи челниците на клубот не сакаат Томас Тухел да биде тренер на оваа екипа и следната сезона.

Двата клуба го посакуваат Алонсо, кој има договор со Леверкузен, но тоа нема да го спречи да го напушти клубот доколку сака. Од Леверкузен дури порачаа дека ќе го пуштат без обештетување доколку замине во Ливерпул, но ако го избере Баерн, тогаш ситуацијата се менува.

Доколку Алонсо реши да премине во редовите на директен ривал, тогаш клубот од Минхен за него ќе треба да плати отштета меѓу 15 и 25 милиони евра.

Германски Скај Спортс синоќа објави дека не губат време во Баерн и дека веќе се воспоставени контакти со Алонсо. Истото го направи и Ливерпул, но Скај наведува дека Баерн има предност пред „црвените“, колку и да звучи неверојатно.

Алонсо моментално е повеќе заинтересиран да замине во Баерн отколку во Ливерпул бидејќи е свесен за притисокот и огромните очекувања кои би го чекале на Енфилд. Доколку не успее, тешко дека таму би му простиле, а тој наводно верува дека се уште не е подготвен да оди во Ливерпул и става се на линија.

Затоа заминувањето во Баерн се чини дека е побезболна опција за него бидејќи и во случај на неуспех нема да биде голем удар за него бидејќи не е врзан за тој клуб колку што е врзан за Ливерпул каде што го помина поголемиот дел од неговата играчка кариера.

Алонсо смета дека не е подготвен да наследи се што Клоп создаде низ годините и дека тоа е преголем притисок за него и дека таму би можел повеќе да изгуби отколку да добие доколку работите не се одвиваат според очекувањата.

Поради ова се чини дека Баерн сега е во најдобра позиција да се договори со Алонсо, а не губат време и веќе стапиле во контакт со Шпанецот.

Сепак, сака да заврши сезоната за да можат посериозно да разговараат, но Скај наведува дека Баерн сега е најверојатната опција за шпанскиот стручњак и дека најверојатно од следната сезона ќе го гледаме на клупата на тој гигант.

ПретходноНовинарите го „бомбардираа“ Енрике со прашања за Мбапе, а тој сите ги измами на ист начин (ВИДЕО)
СледноИндијан Велс: Ѓоковиќ може да биде задоволен, можна епска класика во полуфинале!