Снегот го откажа и велеслаломот на Крањска Гора

128

Организаторите на Светскиот куп во алпско скијање во Крањска Гора мораа да го откажат саботниот велеслалом во машка конкуренција поради неповолните временски услови кои можат да ја загрозат безбедноста на натпреварувачите, соопшти Меѓународната скијачка федерација (ФИС).

Наместо велеслалом, организаторите на традиционалното натпреварување во сабота ќе се обидат да одржат слаломска трка, која првично беше закажана за в недела. Промената на програмата беше потврдена од ФИС.

Организаторите и ФИС се надеваат дека времето ќе биде наклонето кон натпреварувачите во сабота за да може да се одржи десеттиот слалом во сезоната, последен пред финалето на Светскиот скијачки куп чиј домаќин е Залбах од 16 до 24 март.

ПретходноЗа дербито со Сити: Гравенберх и Салах се враќаат во тимот на Клоп
СледноУште една магична вечер за Нено: 38 поени за победа над ЦСКА на Рајковиќ