Познато е дека фановите на Лацио, еден од најголемите клубови во Италија, не кријат дека се поистоветуваат со крајната десница. Во минатото на моменти знаеле да „шуруваат“ со фашистички поздрави, а тоа го правеа и дел од играчите.
Сепак она што се Минхен, во пресрет на вечерашниот меч мешу Баерн и Лацио, и тоа во пивницата “Хофбраухаус“ во која во 1920 година Адолф Хитлер имаше свој говор, навистина беше шокантно.
Десетина а можеби и стотина навивачи извикуваа фашистички пароли, отпоздравуваа на фашистички начин и го величеа Бенито Мусолини.
Срамно однесување што наиде на згрозување на германските фанови.
"Duce, duce, duce"#SSLazio fans chanting fascist & pro-Mussolini slogans in #Munich's Hofbräuhaus beer hall (where Hitler held his Nazi Party's first big meeting) ahead of today's #UCL match between Lazio & #FCBayern.
(Video La Repubblica) #5marzo #FCBLAZ #BayernLazio #champions pic.twitter.com/XxYgAERYPM— ANPI Scuola – Brescia 🐦 (@ANPI_Scuola) March 5, 2024