Судијата Манзано и официјално суспендиран!

3739

Хесус Хил Манзано и официјално е суспендиран. По се она што се случи на мечот меѓу Валенсија и Реал Мадрид, очекувано беше надлежните во Техничкиот судиски комитет во Шпанија да го казнат.

Инаку казната е, барем засега, два меча во аут додека не се донесе дефинитивно решение што да се прави со Манзано кој важи за еден од најдобрите судии во Шпанија и Европа.

Се очекува тој подолго време да биде во „аут“, односно подолго време да биде надвор од Ла Лига.

Интересно е тоа што Манзано свирна крај додека топката одеше кон мрежата на домашните, а најинтересно е што сите играчи на Реал жестоко протестираа, но само Белингем доби директен црвен картон.

ФОТО: X.com

ПретходноХаланд за својата иднина: Еве сега можете ова сите да го напишете!
СледноСрамно од фановите на Лацио: Фашистички перфоманс среде Минхен! (ВИДЕО)