У-21: Македонија посилна за Еркан Семовски, закажани две контроли во јуни со Полска и БиХ!

439

Нашата млада репрезентација до 21. години овој месец ја очекува два квалификациски меча за пласман на ЕП, и тоа со Гибралтар и Шведска дома, на 21 и 26 март.

За овие два меча У-21 селекцијата на Македонија ќе биде посилна за Еркан Семовски (19), млад шпиц кој игра во тимот на Коге од Данска. Станува збор за исклучително талентиран напаѓач кој е роден во Данска, но има македонско потекло.

За услугите на Семовски била заинтересирана и Турција, имал понуди да игра за младите селекции на таа земја, но сепак тој прифатил да игра за Македонија.

Веќе на средбите во март со Гибралтар и Шведска ќе го гледаме во дресот на нашата У-21 репрезентација.

Инаку за во јуни нашата млада селекција си закажа две пријателски средби и двете на гости.

На 1 јуни ќе играме со Полска а на 5 јуни со БиХ, рековме веќе и на двете контроли ќе бидеме гости.

ПретходноАнгеловски со „огнени стрели“: Пелистер е локален тим, не е државен проект како Вардар!
СледноДали е ова крај на кариерата за стоперот на Валенсија: Прво нека почне повторно да оди, за фудбал после ќе видиме! (ВИДЕО)