Алексис Санчез одбил неколку понуди за да остане во Интер и следната сезона

226

Раководството на Интер размислува да му понуди нов договор на Алексис Санчез. Шефовите на „нероаѕурите“ се задоволни од последните настапи на чилеанскиот ветеран, кој наводно одбил понудиод Бразил, Саудиска Арабија и Турција за да остане во Италија.

35-годишниот Санчез се етаблира како важен дел од тимот на Симоне Инзаги, откако забележа помала минутажа во првиот дел од сезоната. Актуелниот договор на чилеанскиот напаѓач истекува на крајот на јуни, но со неговите добри настапи во следните три месеци може да му дадат нов договор.

Алексис Санчез се врати во Интер оваа сезона, забележа 23 настапи на кои постигна 3 гола и исто толку асистенции.

ПретходноКандидатот за наследник на Клоп во Ливерпул, пред отказ во Бенфика
СледноНетфликс ќе снима серија за тројната круна на Манчестер Сити