Атанасијевиќ: Колстад има силен тим, но ние сме подготвени за битка

64

Пелистер ги пакува куферите за последното гостување во Лигата на шампиони оваа сезона. Македонскиот првак ќе ги одмери силите со Колстад, тим кој е има девет бодови и е претпоследен на табелата во групата А. Со оглед на тоа дека двата тима со оваа пресметка ја завршуваат европската авантура, мотивите ќе бидат големи на двете страни.

„Колстад е добар тим, има добри играчи, меѓу најдобрите во светот. Ќе бидеме подготвени за тоа што не очекувам, верувам дека ќе бидеме подобри од првиот меч кој беше прво искуство за нас во Лигата на шампиони. Ова е последен меч за двете екипи во Лигата на шампиони, бидејќи нема да продолжиме во нокаут фазата. Ќе прикажеме добра игра и ќе се бориме во сите 60 минути“, изјави Павле Атанасијевиќ. 

Пелистер има 13 порази во низа во исто толку одиграни натпревари, па Колстад е последна шанса за европски бод. Мечот е закажан со почеток во 18:45 часот.

ПретходноЧервар: Бев среќен кога видов колку пари ќе зема Сигурдсон, знам дека можам да си го вратам долгот!
СледноАнгеловски со „огнени стрели“: Пелистер е локален тим, не е државен проект како Вардар!