Дали е ова крај на кариерата за стоперот на Валенсија: Прво нека почне повторно да оди, за фудбал после ќе видиме! (ВИДЕО)

283

Ужасни вести доаѓаат од таборот на Валенсија. Имено стоперот Муктара Дијакаби на мечот со Реал се здоби со тешка повреда, откако врз него ненамерно стартуваше Чуамени. Се виде дека повредата е повеќе од сериозна уште кога играчите околу него се фатија за глава и повикаа лекарска помош. Чуамени остана бледо да гледа се она што се случува, се виде дека беше и тој во шок.

Последните вести од Валенсија, барем оние што ги презентираат докторите велат дека ситуацијата е лоша, многу лоша, дури во прашање е и кариерата на Дијакаби.

Скинати се предниот и задниот вкрстен лигамент, вкупно повредени се пет лигаменти. Ова е многу ретка повреда, но е страшна. Треба да се виде детално. Не знам колку ќе паузира. Видете, сега е важно Дијакаби повторно да почне да оди, за играње фудбале после ќе видиме“ докторот Енрике Гасталди.

ПретходноУ-21: Македонија посилна за Еркан Семовски, закажани две контроли во јуни со Полска и БиХ!
СледноЖени: Македонија во група со Словенија, Молдавија и Летонија!