Кандидатот за наследник на Клоп во Ливерпул, пред отказ во Бенфика

266

Тренерот на португалска Бенфика, Роџер Шмит, добил ултиматум од клупското раководство по очајниот настап и убедливиот пораз од Порто во неделата (5:0).

Овој дебакл не се памети во долгогодишната клупска историја, што предизвика револт кај навивачите, но и кај управата на клубот. Четири дена претходно, Бенфика го загуби првиот полуфинален натпревар од купот против градскиот ривал Спортинг (1:2), па доколку се случи и трет пораз по ред, за Шмит тоа ќе биде крај со тренерската работа во Португалија.

Интересно е што неговото име веќе се споменуваше како еден од потенцијалните наследници на Јирген Клоп во Ливерпул.

ПретходноУште една магична вечер за Нено: 38 поени за победа над ЦСКА на Рајковиќ
СледноАлексис Санчез одбил неколку понуди за да остане во Интер и следната сезона