Организаторите на Светскиот куп во алпско скијање во Крањска Гора мораа да го откажат саботниот велеслалом во машка конкуренција поради неповолните временски услови кои можат да ја загрозат безбедноста на натпреварувачите, соопшти Меѓународната скијачка федерација (ФИС).
Наместо велеслалом, организаторите на традиционалното натпреварување во сабота ќе се обидат да одржат слаломска трка, која првично беше закажана за в недела. Промената на програмата беше потврдена од ФИС.
Организаторите и ФИС се надеваат дека времето ќе биде наклонето кон натпреварувачите во сабота за да може да се одржи десеттиот слалом во сезоната, последен пред финалето на Светскиот скијачки куп чиј домаќин е Залбах од 16 до 24 март.