Ауди ги купи сите акции на Ф1 тимот Заубер. Процесот на откуп на акции постепено требаше да биде завршен до 2026 година – кога тимот треба да започне да се натпреварува во Формула 1 под брендот Ауди и со фабрички статус, но очигледно работите се завршени многу порано.
Во првата фаза од договорот, Ауди купи само 25 отсто од акциите. Неодамна, во печатот се појавија шпекулации дека германската компанија може целосно да се повлече од договорот и да се откаже од идејата да се приклучи на Формула 1, но овие гласини беа поврзани со промените во одборот на директори.
Меѓутоа, според Билд, договорот е официјално затворен пред некој ден и Ауди сега поседува 100 отсто од акциите на Заубер.