Попладнево се одиграа сите шест средби од 22.коло, последно од вториот круг сезонава во ПМФЛ. На Маџари во 75.соседско дерби Вардар со 1:0 го победи Работнички и тоа со гол од корнер на Дарко Глишиќ. Големи три бода за вардарци во битката за опстанок. Имаше шанси Работнички, но Гачевски спасуваше.
Струга ТЛ славеше со 2:1 против Македонија ЃП. Ова значи дека стружани се вратија на лидерската позиција и како први влегуваат во третаиот круг. Прва пролетна победа на шампионот. Шабани и Радески “стрелаа“ за 2:0, но Алији намали на 2:1. Ова значи дека Бобан Грнчаров стартуваше со пораз на клупата на “лавовите“.
Брегалница и Шкупи одиграа без голови во Штип. Чаирчани имаа повеќе шанси, имаа и пенал но Воша не го искористи, поточно голманот Јанков одбрани.
Со истиот резултат заврши и средбата меѓу Брера и Шкендија. Тетовци атакуваа, имаа шанси но без успех.
Овие две ремија најмногу ги израдува стружани кои се први со 45 бодови, Шкупи е втор со 44 и Шкендија трета со 43 бода.
Воска се до финишот водеше против Гостивар со 1:0, но тогаш младиот Елмас постигна ефектен гол за конечни 1:1.
Супер Тиквеш. Тимот на стратегот Ѓорѓи Мојсов го победи Силекс со 1:0 со голот на Робертињо. Васоски и во четвртиот меч не знае за победа како тренер на кратовци.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 22.КОЛО
БРЕРА – ШКЕНДИЈА 0:0
БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 0:0
СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:1
(Шабани 13., Радески 21./Алији 49.)
ТИКВЕШ – СИЛЕКС 1:0
(Робертињо 20./)
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 1:0
(Глишиќ 56./)
ВОСКА – ГОСТИВАР 1:1
(Јусуфи 24./Елмас 83.)