Ангеловски: Ќе се надигруваме со шампионот на Норвешка, се надеваме на позитивен резултат!

42

Ракометарите на Е. Пелистер вечерва ја завршуваат својата, не така убава, одисеја во рамките на групата – А во Лигата на Шампионите. Битолчани вечерва од 18:45 часот му гостуваат на шампионот на Норвешка, тимот на Колштад. На минатите 13 средби Е. Пелистер забележа 13 порази, не успеа да освои ни бод.

Ова е последна шанса да се дојде до добар резултат, барем до бод.

Секако дека ќе биде тешко, пеколно тешко за битолчани, кои се надеваат дека ќе одиграат барем добар натпревар. Сепак не и невозможно, ако се знае дека Колштад е само едно место погоре на табелата од Е. Пелистер.

За тоа што очекува од овој меч говори Бранислав Ангеловски, стратегот на нашиот шампион:

Ние треба да славиме што оваа сезона бевме дел од ова натпреварување, што имавме можност да играме против такви големи ракометни екипи. Јасно е дека нема неважен меч во ЛШ, иако со било кој резултат вечерва нема ништо да се смени на табелата“ посочи Ангеловски и продолжи:

Ќе се надигруваме со шампионот на Норвешка и се надевам дека ќе оствариме позитивен резултат. Треба да сфатиме дека овој натпревар го играме за нас, како индивидуалци, а потоа за клубот, за градот и државата бидејќи ние ги претставуваме Битола и Македонија. Сакаме да ја завршиме оваа авантура со добар натпревар а потоа сите мисли да ги насочиме кон домашбата сцена“ заврши Ангеловски.

ПретходноМбапе: Имам многу проблеми, но ниту еден не е поврзан со тренерот Луис Енрике!
СледноИ Белингем е суспендиран на два меча!