Барселона повторно му се јавила на Артета да го моли да биде наследник на Чави

173

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета повторно добил повик од Барселона која сака да ги слушне неговите ставови за позицијата тренер во каталонскиот тим следната сезона, откако Чави Ернандез ќе си замине.

Шпанецот е еден од фаворитите на Жоан Лапорта и Деко, кои и покрај тоа што знаат колку тешко би го натерале да си замине од Арсенал, не се откажуваат од идејата да разговараат со него на оваа тема.

Спортскиот директор сè уште води многу прелиминарни разговори со сите кандидати, но Артета целосно го исполнува бараниот профил. Менаџерот на Арсенал пред неколку недели ги опиша првите гласини кои го поврзуваат со Барса како „лажни вести“, но очигледно ова нема да стави крај на шпекулациите.

Артета има договор со Арсенал до летото 2025 година.

ПретходноПораз и за крај: Е. Пелистер со 14 порази во исто толку средби се одјави од ЛШ
СледноЛЕ: Спортинг може да биде среќен со ремито против Аталанта (ВИДЕО)