Голем пожар околу стадионот на кој Македонија оствари историски резултат

3901

Аларм во Саутемптон. Пожарникари се борат да го изгаснат пожарот кој избувна во складиштата околу стадионот Сент Мери. Густиот дим се гледа со километри, а пожарникарите се борат да го запрат огнот да се прошири и на стадионот.

Сето ова се случува во денот кога Саутемптон требаше да игра со Престон во Чемпионшип. Мечот најверојатно ќе биде одложен. Итната помош и полицијата се на лице место и засега не се знае дали има повредени.

Инаку Сент Мери е стадионот на кој Македонија оствари историски 2:2 во првото соочување со Англија. Тоа се случи во октомври 2002 година.

ПретходноРаспоред на третиот круг во ПМФЛ: Вардар стартува кај Гостивар, во последното коло играат Струга ТЛ – Шкупи!
СледноЛегендата на Реал го менува Чаби Алонсо на клупата на Леверкузен?!