Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид оваа сезона не може да игра за “кралевите“ на два меча во Ла Лига поради тоа што доби суспензија по сите оние настани на мечот минатиот викенд меѓу Валенсија и Реал, кога судијата Манзано направи невиден скандал, му поништи чист гол на тимот од Мадрид.
Стрелец на тој гол беше Џуд Белингем, кој откако виде неговиот гол не важи жестоко реагираше кај судијата Манзано и затоа доби црвен картон а сега ќе мора на “ладење“ на два меча.