Нголо Канте важи за еден од најмирните фудбалери во историјата на фудбалот. Некогашниот фудбалер на Челзи, а сега член на Ал Итихад, вчера на гостувањето кај Ал Хилал заработи директен црвен картон.
Канте жестоко стартуваше врз Кулибали, јасно на сите им беше на стадионот дека добива црвен картон, и така и беше.
А скромниот Канте без да каже ни збор, веднаш се упати кон соблекувалната испратен со овации од домашните фанови.
Обично играчите се бунат кога ќе добијат црвен картон, но не и Канте. Мирно ја прифати одлуката на судијата и излезе од теренот.
Инаку ова беше втор црен картон во неговата кариера и прв после 10 години.
It's kind of heartbreaking to see N'Golo Kanté get his First career red card. 💔 pic.twitter.com/BLbf7G8SdB
— Spinky CFC (@Spinkyszn) March 5, 2024
Kante after being sent off 💔
— Al Nassr Zone (@TheNassrZone) March 5, 2024