Европскиот шампион Манчестер Сити придодаде уште три гола во предноста над ФК Копенхаген по првото полувреме во реванш мечот од осминафиналето во ЛШ. Момците на Пеп Гвардиола водат со 3:1 откако до 9. минута веќе имаа водство од 2:0 со головите на Аканџи и на Алварез, додека ФК Копенхаген успеа да изнуди аплаузи со еден погодок во 29. минута преку Елјунуси.
Во судиското продолжение во првата вистинска шанса, Ерлинг Халанд не пропушти да се запише во листата на стрелци и да го доведе својот тим до нова комотна предност.
1:0 – ГОЛ АКАНЏИ (ВИДЕО)
2:0 – ГОЛ АЛВАРЕЗ (ВИДЕО)
2:1 – ГОЛ ЕЛЈУНУСИ (ВИДЕО)
3:1 – ГОЛ ХАЛАНД (ВИДЕО)
На дуелот во Мадрид полувремето заврши без голови (0:0). РБ Лајпциг одигра одлично прво полувреме во кое континуирано го држеше под притисок и опсада голот на „кралевите“. Реал скоро и да не успеа да формира сериозна шанса за гол, додека од неколкуте на гостите најдобрата ја имаше Опенда во 42. минута кога од непосредна близина не успеа да го погоди голот на Лунин.