Реал (М) со големи маки остана непоразен на домашен терен (1:1) во реванш осминафиналето против РБ Лајпциг и успеа да се пласира во четвртфиналето на најсилното европско клупско натпреварување. Во меч во кој Германците одиграа подобро и имаа поголем број шанси за гол во првиот дел, Реал (М) успеа во второто полувреме прв да дојде до водство, што можеби беше и клучно за конечниот распет на овој двомеч.
Лајпциг цело прво полувреме го држеше под опсада голот на Реал, но напаѓачите не успеаја да најдат пат до мрежата на Лунин. По голот на Винисиус во 65. минута со кој Реал поведе со 1:0 се чинеше дека се е готово, но Лајпциг се врати за израмнување смао три минути подоцна преку Вили Орбан (1:1). Истиот фудбалер имаше уште една одлична шанса за гол која не ја искористи, а и Реал во финишот преку Родриго можеше да дојде до гол за победа.
Сепак, благодарение на оној гол од Лајпциг, момците на Анчелоти и со овие 1:1 одат во следната рунда. Нашиот Елиф Елмас почна од клупата, а доби шанса во 85. минута кога влезе на местото на Шлагер.