Баерн Минхен ја покажа сета своја сила на ревншот со Лацио и успеа да победи со 3:0 и да се пласира во следната фаза во ЛШ. Конечно “баварците“ одиграа како што треба.
Сепак сите се прашуваа зошто Томас Тухел е толку мирен покрај аут линијата, речиси и да не реагираше.
По мечот самиот тренер на Баерн ја кажа причината:
„При мотивацискиот говор ја удрив вратата од соблекувалната, притоа повредив прст на ногата, ми се чини дека е и скршен. Не можам да ја соблечам патиката на таа нога. Сите се прашуваа зошто само седам на клупата во текот на мечот, ете тоа е причината“ кажа Тухел во изјавата, односно со разговорот со Петер Шмајхел кој вчера на „Алијанц Арената“ беше во улога на коментатор.
Thomas Tuchel reveals that he might have broken his toe after giving his pre-game team talk 😳 pic.twitter.com/aEbRP5RiBR
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) March 5, 2024