Нено скромен и по личниот рекорд од 38 поени: Ова беше победа на целиот тим!

471

Нашиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитриевиќ вчера одигра брилијантен меч за екипата на Уникс Казан на кој постигна 38 поени и сам ја донесе големата победа за Уникс на гостувањето кај ЦСКА (М).

„Кога отидовме во Москва, знаевме дека не чека тежок натпревар. Пред еден месец УНИКС ја победи ЦСКА на гости, па се подготвувавме за тоа дека противникот ќе се појави претерано мотивиран. Мислам дека добро одговоривме. Наша задача беше да го контролираме скокот, што и го направивме, со исклучок на еден дел во втората четвртина. Мислам дека денес секој од момците заврши одлична работа и придонесе за оваа важна победа“, изјави Димитриевиќ.

УНИКС го обезбеди првото место на табелата во ВТБ Јунајтед Лигата нанесувајќи и на ЦСКА предводена од нашиот Рајковиќ четврти пораз во низа.

ПретходноКристалниот глобус во слалом за Австриецот Фелер
СледноПроблем и за Е. Пелистер и за репрезентацијата: Костески се повреди во Норвешка