Вечерва во последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите на ЕХФ, екипата на Е. Пелистер на гостувањето во Норвешка игра со Колштад и на полувреме има негатива од четири гола. Сепак, во првиот дел во фокусот остана повредата на нашиот репрезентативец Ненад Костески, кој предвреме да го заврши мечот поради повреда, која според грчот на неговото лице воопшто не е наивна.
Костески кој е прва опција во нашиот национален тим на позицијата десно крило ќе биде проблем доколку не може да одигра против селекцијата на Романија.