Шампионот во изминатите три кола во пролетниот дел забележа три ремија, освоени се само три бода во битката за титулата. Време е за победа велат од таборот на Струга ТЛ. А до неа можат да дојдат уште денеска на свој терен и тоа во меч од 22.коло во тековната сезона и тоа против Македонија ЃП.
Пред мечот свој коментар за денешниот дуел има Марјан Радески, еден од најдобрите напаѓачи во ПМФЛ:
“Секако дека го респектираме тимот на Македонија ЃП,но нашите цели се јасни. Ние одиме на победа, се надеваме дека денеска ќе започнеме една серија победи во битката за титулата. Ако одиграме според инструкциите на нашиот стручен штаб, сметам дека ќе ги освоиме три бода. Многу работи зависат од нас“ изјави Радески.