Ретклиф има два фаворити за наследник на Тен Хаг

354

Роберто де Зерби или Герет Саутгејт? Ова е дилемата која ја имаат челниците на Манчестер Ј. За нов менаџер на тимот следната сезона. „Дејли Меил“ пишува дека Тен Хаг по завршувањето на сезоната ќе си замине од „Олд Трафорд“, а новата управа на „црвените жаволи“ бара ново менаџерско решение.

Тен Хег се соочува со неизвесна иднина по влегувањето на компанијата ИНЕОС предводена од британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф, кој размислува околу ново тренерско име.

Де Зерби е желба на многу европски тимови, додека Саутгејт сега исплива како ново име, особено ако се знае дека и тој веројатно брзо ќе ја напушти селекторската позиција на репрезентацијата на Англија.

ПретходноПроблем и за Е. Пелистер и за репрезентацијата: Костески се повреди во Норвешка
СледноПораз и за крај: Е. Пелистер со 14 порази во исто толку средби се одјави од ЛШ