Денеска во меч од 22.коло во ПМФЛ, на стадионот “Борис Трајковски“ во Маџари, се среќаваат Вардар и Работнички, клубови кои заедно имаат 15 шампионски титули.
Но и за двата клуба тоа се убави моменти од минатото. Сега Вардар грчевито се бори да го избегне најлошото, а Работнички со свои проблеми посакува да се задржи во средината од табелата, иако знае дека секој кикс ќе значи и нови главоболки.
Ова ќе биде и тренерски дуел меѓу Горазд Михаилов и Гоце Седлоски кој како некогашен тренер и директор на Вардар има повеќе титули шампион на Македонија, но сега посакува победа на Работнички.
Инаку ова е вкупно соседско дерби број 75.
Во изминатите досегашни натпревари кога играле овие два скопски клуба Вардар и тоа како има подобар биланс со 32 победи, Работнички има 24, а 18 пати овие скопски дербија завршиле без победник. Гол разликата е 93:77 во корист на “црвено – црните“.
На последниот меч есеноска, исто на “Борис Трајковски“ во Маџари, Вардар како гостин успеа да слави со 0:1.
Дали Работнички ќе успее да се реваншира? Останува да видиме некаде околу 16 часот кога ќе заврши ова 75.соседско дерби.