Шок во Мадрид, посебно во Реал Мадрид. Имено стратегот на “кралевите“ би можел да заврши во затвор и тоа во траење од 5 години. Ова и официјално го побара Обвинителството на Шпанија, затоа што Дон Карло во минатиот мандат кога беше тренер на Реал Мадрид, затаил или не уплатил данок од повеќе од милион евра.
Тој го прекршил законот во фискалните 2014 и 2015 година. Затоа се бара затворска казна за Италјанецот и се товари за две казнени дела што тој наводно ги направил пред 10 години.
Допрва ќе се знае како се ова ќе одрази врз Реал Мадрид ако се знае дека тој требаше и следната сезона да седи на клупата на “кралевите“.