Ненадејно почина Ацо Стојанов, фудбалскиот тренер од Струмица и актуелен координатор во младинската школа на Хоризонт Турново. Стојанов е играчка легенда на струмичкиот клуб Тиверија а беше и прв стратег на екипите Хоризонт Турново кога оваа екипа настапуваше во елитното друштво а ја предводеше и екипата на Беласица.
Фудбалскиот свет во земјава е во шок затоа што станува за млад стратег кој последните неколку недели се жалел на болки во градите, се лечел од бронхитис…
За жал Ацо Стојанов не ја доби оваа битка а неговиот погреб е закажан за 14 часот на струмичките гробишта.