Јокиќ со пцовки по тренерот Мелоун, Дончиќ со нов трипл-дабл на чекор до историја, Денвер и Далас со порази! (ВИДЕО)

1670

Интересно беше утринава на средбите во НБА, посебно на онаа меѓу Денвер и Феникс, на која имаше и продолженија, но на крајот победија Дурент и компанија и тоа со 117:107.

Сепак во преден план беше Никола Јокиќ, кој заврши со 25 поени, 16 скокови и 5 асистенции. Постигна “тројка“ со звукот на сирената, но во еден момент толку се изнервира што просто збесна зошто неговиот тренер Мајкл Мелоун не побара „челенџ“ па затоа со пцовки, на српски, му порача нешто.

Лука Дончиќ уште еднаш имаше партија за паметење. Го забележа својот четврти трипл-дабл во низа, 39 поени, 10 скокови и 11 асистенции и дојде на чекор до рекорд, до историја во НБА. Имено само Расел Вестрбрук успеал на пет средби во низа да има трил-дабл со +30 поени.

Сепак ни тоа не беше доволно Далас да победи против Индијана, на крајот беше 120:137.

Секако дека Словенецот беше изнервиран па дури и фрлаше на паркетот пластични шишиња.

На останатите мечеви се постигнаа следните резултати:

Шарлот – Орландо 89:101, Бруклин – Филаделфија 112:107, Кливленд – Бостон 105:104, Мајами – Детроит 118:110, Њујорк – Аталанта 100:116, Торонто – Њу Орлеанс 98:139, Хјустон – Сан Антонио114:101.

ПретходноЛШ: Баерн и ПСЖ покажаа класа за пат во четвртфинале (ВИДЕО)
СледноНеверојатно: Тухел во соблекувалната пред мечот со Лацио скршил прст на ногата! (ВИДЕО)