Кристалниот глобус во слалом за Австриецот Фелер

57

Австриецот Мануел Фелер ќе го освои малиот кристален глобус во слалом, откако последните планирани трки во оваа дисциплина беа откажани поради лошите временски услови во Крањска Гора.

„Поради обилните дождови во последните 24 часа, кои целосно ја уништија патеката, откажан е и слаломот од Светскиот куп за мажи во Крањска Гора“,  соопшти ФИС.

Организаторите на Светскиот куп се обидоа да најдат алтернативна патека за домаќин на овој слалом кој беше закажан за в сабота, но за кратко време не успеаја да најдат решение.

Останува само еден слалом до крајот на сезоната, кој е закажан за втората половина на март во Залбах, Австрија. Фелер е лидер во поредокот за слалом со 635 бодови, 169 бодови повеќе од второпласираниот Германец Линус Штрасер. Бидејќи победата во слалом носи 100 поени, Фелер го обезбеди малиот глобус во слалом.

ПретходноЧелзи може да остане без стадион цели шест години
СледноНено скромен и по личниот рекорд од 38 поени: Ова беше победа на целиот тим!