Фудбалерите на Аталанта за малку недостасуваше да си одат како победници од Лисабот по првиот меч од осминафиналето на Лигата на Европа. Средбата во португалската престолнина заврши 1:1, а екипата на Спортинг може да биде среќна што на крајот остана непоразена пред своја публика.
Вечерва Аталанта беше многу подобра екипа, трипати ја погоди рамката од голот на Спортинг, а постигна и гол во финишот кој беше поништен поради офсајд.
Домашните први погодија преку Паулињо за водство уште во 17. минута и тоа се чини беше се што направија на овој меч (ВИДЕО).
Сепак, Аталанта по неколкуте промашен шанси во 39. минута преку Скамака успеа да погоди за израмнување (ВИДЕО).
Реваншот ќе с еодигра на 14 март во Италија.