Крилото на Е. Пелистер, Цветан Кузмановски, вечерва беше еден од најдобрите стрелци во поразот на битолчани на мечот со Колштад во последното коло од групната фаза. Кузмановски одигра одличен меч, а еден о днеговите три постигнати гола беше вистинско мало „ремек-дело“.
Од мртов агол, Цветан успеа да ја погоди домашната мрежа. Гол кој веројатно ќе се најде и во конкуренција за еден од петте најубави во тековното коло.
No space? 🤔 No problem for 𝐂𝐯𝐞𝐭𝐚𝐧 𝐊𝐮𝐳𝐦𝐚𝐧𝐨𝐯𝐬𝐤𝐢 😎#ehfcl #clm #DareToRise pic.twitter.com/h8PPfwi1L9
— EHF Champions League (@ehfcl) March 6, 2024