Синоќа Килијан Мбапе, во меч од ЛШ против Сосиедад, уште еднаш ја покажа сета своја класа. Сам го победи домашниот состав и со тоа му донесе пласман на својот ПСЖ во следната фаза.
Во минатите неколку дена наголемо се прикажуваше дека односите меѓу него и тренерот Луис Енрике се далеку од добри. Посебно по оние настани минатиот викенд кога тој во меч од Лига 1 беше повлечен од игра, а потоа реагираше како што реагираше.
По мечот со Сосиедад тој беше прашан за тоа што мисли за својот тренер:
“Имам многу проблеми, но ниту еден не е поврзан со тренерот. Нема никакви проблеми на релација Мбапе – Енрике“ рече покрај другото фудбалерот кој завршување на сезоната ќе се пресели на “Сантијаго Бернабеу“.
ФОТО: X.com