Навистина неверојатно, подобро кажано катастрофален старт на Александар Васоски како тренер на Силекс. Оваа пролетна полусезона кратовци не само што не забелажаа барем една победа, туку не успеале да постигнат ниту еден гол.
Попладнево загубија од Тиквеш во Кавадарци со 0:1. Претходно загубија од Брера со 0:1, па ремизираа во два наврати со Воска и Струга ТЛ со 0:0.
Навистина неверојатно, Силекс просто заборави дека фудбалот се игра за голови.