Завршија првите полувремиња од шесте средби од 22.коло во ПМФЛ.
Во Струга домашната Струга ТЛ има водство од 2:0 против Македонија ЃП, и двата гола паднаа во раната фаза од мечот, преку Шабани и Радески. Со ова стружани му го прават кошмарно дебито на Бобан Грнчаров на клупата на „лавовите“.
На Маџари во соседското дерби Вардар и Работнички играат 0:0, иако “гостите“ имаа повеќе од играта, имаа и два зицери, Мурати ја погоди и стативата на Вардар, маестрален е младиот Манојлов, но Гачевски брани и тоа како.
Воска со супер голот на Јусуфи, по маестралната акција со Марушиќ, води со 1:0 против Гостивар.
Тиквеш со голот на Робертињо води со 1:0 против Силекс, а во Штип и Струмица нема голови.