Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер објасни зошто никогаш не му ја дал капитенската лента на Бруно Фернандеш. Норвешкиот тренер посочи дека Бруно има квалитети и лидерски способности, но, сепак, под негово водство капитен беше Хари Мегваер.
Со Ерик Тен Хаг не е така…
„Кога бев тренер на Манчестер Јунајтед знаев дека Бруно Фернандеш има квалитет да биде капитен. Имаше карактер и квалитет, но исто така знаеше дека е премногу импулсивен и дека понекогаш го губи разумот. Тоа му го кажав, а си го знаеше тоа. Затоа одлучив Хари Мегваер да биде капитен. За мене тој е добар лидер на таа група“, изјави Солскјер.