Соседско дерби бр.75: Вардар VS Работнички во жестока битка за бодови!

259

Денеска во меч од 22.коло во ПМФЛ, на стадионот “Борис Трајковски“ во Маџари, се среќаваат Вардар и Работнички, клубови кои заедно имаат 15 шампионски титули.

Но и за двата клуба тоа се убави моменти од минатото. Сега Вардар грчевито се бори да го избегне најлошото, а Работнички со свои проблеми посакува да се задржи во средината од табелата, иако знае дека секој кикс ќе значи и нови главоболки.

Ова ќе биде и тренерски дуел меѓу Горазд Михаилов и Гоце Седлоски кој како некогашен тренер и директор на Вардар има повеќе титули шампион на Македонија, но сега посакува победа на Работнички.

Инаку ова е вкупно соседско дерби број 75.

Во изминатите досегашни натпревари кога играле овие два скопски клуба Вардар и тоа како има подобар биланс со 32 победи, Работнички има 24, а 18 пати овие скопски дербија завршиле без победник. Гол разликата е 93:77 во корист на “црвено – црните“.

На последниот меч есеноска, исто на “Борис Трајковски“ во Маџари, Вардар како гостин успеа да слави со 0:1.

Дали Работнички ќе успее да се реваншира? Останува да видиме некаде околу 16 часот кога ќе заврши ова 75.соседско дерби.

ПретходноХорор во Радишани! Парче паркет се „заби“ во стомакот на млада одбојкарка
СледноКанте по 10 години доби црвен картон, еве што се случи кога излегуваше од теренот! (ВИДЕО)