Никола Митревски и Порто не успеа да дојдат до посакувана победа против Висла за пласман во осминафиналето. На решавачкиот меч во Плоцка беа поразени со 29-28 и на овој начин го завршија својот настап во Лигата на шампиони. Порто сезоната ја заврши со скор од 4 победи и 10 порази зад Целје.
По одбрана на Митревски, Порто успеа да намали на 25-24 на шест минути до крајот. Нешто подоцна при промашен седмерец на Зарабец, Порто успеа да ја врати целосно неизвеноста, израмни на 27-27 за голема драма. Две технички грешки на крајот пресудија, полскиот состав успеа да дојде на плус два 29-27 на 20 секунди до крајот, доволно за сигурен триумф.
Митревски немаше своја вечер, мечот го заврши со две одбрани од 26 удари.
Од групата Б, Магдебург заврши како лидер, откако Барселона вечерва загуби од Монпеље на домашен терен со34-37 . Каталонскиот состав е второпласиран, заедно со бундес-лигашот ќе одмараат до четвртфиналето.
Третата позиција му припадна на Веспрем, додека на четвртото место заврши Монпеље пред Гог и Висла.
Резултати: Целје – ГОГ 30-34, Веспрем – Магдебург 28-30, Барселона – Монпеље 34-37, Висла – Порто 29-28.