ЛЕ: Баер се спаси од пораз во Баку во 92 минута, убедливи победи на Ливерпул и на Рома

186

Малку недостасуваше Баер Леверкузен да ја прекине неверојатната серија без пораз. Лидерот во германската Бундес лига вечерва во Баку беше пред пораз на гостувањето кај Карабах во првиот меч од осминафиналето на Лигата на Европа. Губеа со 2:0, но на крајот извлекоа 2:2 со изедначувачки гол во 92 минута. Па така серијата без пораз сега изнесува 35 меча.
Азербејџанскиот тим на полувреме водеше со голови на Бензиа и Жунињо, во вториот дел после неколку измени од страна на Чаби Алонсо, тимот почна да притиска и преку Флоријан Вирц да постигне гол. Во финишот Патрик Шик донесе реми за „фармацевтите“.

На другите два меча од првиот термин, Рома со 4:0 го победи Брајтон со што ги продолжи одличните настапи под водство на Даниеле Де Роси. Дибала и Лукаку стрелаа во првото полувреме, а Манчини и Кристанте во второто.

Ливерпул е многу блиску до четвртфиналето по победата во Прага против Спарта со 5:1. По првото полувреме со голови на Мекалистер и два на Дарвин Нуњез водеа со 3:0, на почетокот на второто полувреме Спарта намали со автогол на Бредли, но „црвените“ пак вратија на +3 со гол на Луис Диаз и конечниот резултат го постави Собослаи.

ПретходноНа Лестер ќе му одземат бодови – ги прекршил правилата на ФА!
СледноЛК: Олимпијакос се посрамоти против Макаби на домашен терен