ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горан Здравков (Брегалница)

951

Ретко кој очекуваше дека среде Штип, на гости кај Брегалница, тогашниот лидер на табелата во ПМФЛ, тимот на Шкупи и тоа како ќе се сопне. Се очекуваше сигурна победа на чаирчани. Но така не мислеа домашните фудбалери на чело со голманот Ристе Јанков и пред се тренерот на “сините“ Горан Здравков.

Тој одлично тактички се надмудруваше со својот колега Младен Жижовиќ и успеа да освои бод. Ова беше меч меѓу претпоследниот на табелата и првиот до тој момент.

Па така според “СпортСпорт“ тренер на колото е Горан Здравков кој ете успеа со својот тим да дојде до реми со големиот фаворит.

ПретходноТетово не заборава: Посебно признание за Агим Ибраими
СледноКоментар на 22.коло: Неверојатниот Гостивар е 175 дена без пораз во ПМФЛ, а Васоски со Силекс четири меча е без гол, без победа!