ФОТО НА КОЛОТО: Кога е за бодови се става и глава каде што не треба!

262

Интересно беше вчера на 75.соседско дерби на Маџари, каде Вардар со 1:0 успеа да го победи добриот Работнички. Беше жестоко, имаше повеќе дуели, играчите на двете екипи ги посакуваа бодовите.

Имаше и голема храброст, како на пример кога младиот напаѓач на “црвено – црните“ Азер Омерагиќ, во дуелот со Рашид Садик, стави глава таму каде што обично не се става нога или каде што не треба.

За среќа по овој дуел Омерагиќ не заработи повреда, а можеше лесно да се случи да дојде и до тоа.

Ете и овој потег на напаѓачот покажува колкава е жртвата што тој и неговите сограчи ќе ја дадат за победа на својот Вардар.

ПретходноКуп на Македонија: Познати се групите и во женска конкуренција!
СледноСензационално: ПСЖ со 140 милиони евра тргнува по ѕвездата на Арсенал!