Пелистер без бод ја заврши својата авантура во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак не успеа да дојде до посакуваната прва победа ниту на последниот меч во елитното друштво, беше поразен од Колстад со 34-27.
Покрај поразот, Бранислав Ангеловски се соочи со проблем, се повреда Ненад Костески уште на стартот на мечот, дали е сериозна повредата ќе биде познато во текот на следните денови.
Предводникот на тимот иако не одиграа на ниво, сепак е задоволен од прикажаното, особено што не дојде во посакуваниот состав.
„Колстад одигра подобро од она што го гледавме на видео. Не бевме подготвени бидејќи не можевме да сметаме на сите ракометари кои ги имаме. Но, горд сум на моите момци, бидејќи игравме со еден млад тим кој е полн со македонски играчи кои се иднината за нашиот ракомет. Доаѓаме од една мала земја каде ракометот е спорт број еден и се надевам дека секоја наредна година ќе бидеме се подобри“.