Анчелоти: Свирежите беа заслужени! Затворот е стара приказна!

331

На првиот меч кој пред неколку недели се одигра во Лајпциг, Кралскиот клуб успеа да слави со минимални 1:0, а тоа се покажа како клучниот детал на овој двомеч.

Реал Мадрид синоќа ја имаше улогата на фаворит, но Лајпциг направи храбра битка и соодветно ги мачеше Кралевите. Синоќешниот натпревар заврши со резултат 1:1, а на крајот најтрофејниот европски клуб некако се пласираше во следната рунда од ова натпреварување.

„Не знаевме како да го контролираме водството. Ни требаше малку пресинг и посилен ритам. Но, признавам, згрешив со составот. Идејата беше да ги притиснеме високо и со поголем интензитет, но бевме далеку од тоа. Критиките се апсолутно заслужени и мислам дека тимот е малку психички уморен“, изјави Анчелоти по натпреварот и се осврна и на свирежите од трибините.

„Ги слушнав свирежите на нашите навивачи на Бернабеу, тие беа заслужени и немам што повеќе да кажам“.

Анчелоти беше прашан за вчерашните случувања и информациите дека шпанското обвинителство побарало дури пет години затвор поради обвинувања за затајување данок во периодот од 2014 до 2015 година.

Се очекуваше дека Анчелоти нема да коментира на оваа тема, но ги изненади сите кога се согласи да одговори на прашањето.

“Затвор? Тоа е стара приказна која започна пред осум години. Обвинителството мисли дека сум бил жител овде, но тоа не беше случај. Јас веќе ја платив казната и сум невин”, изјави тренерот на Реал Мадрид.

ПретходноАнгеловски: Колстад одигра подобро од она што го гледавме на видео
СледноМанчестер Сити е новиот рекордер во Лигата на шампионите