Урош Борзаш српскиот ракометар во редовите на Пелистер даде интересна изјава за тренерот Бранислав Ангеловски. Иако ниту под водството на Ангеловски битолчани не најдоа начин да освојат бод во Лигата на шампиони, сепак српскиот репрезентативец е презадоволен од соработката со својот тренер, дури го спореди со Жељко Обрадовиќ.
„Како прво, човечките односи се навистина одлични, тој е суперкоректен кон нас. Доста е импулсивен, таков е и така треба да го прифатите. Никогаш не сум работел со Жељко Обрадовиќ, но една изјава ми се допадна од Пера Антиќ: „22 часа ти е другар, а два часа ти ја вадат душата“ За Бранко навистина можеш да го кажеш истото затоа што е навистина импулсивен, но кога ќе заврши тренингот и ќе завршат натпреварите, тој е таму за нас тој е пријател.А и на терен ако го почитуваш тоа што го бара тогаш нема проблеми за тебе. Секако ако не се почитува имавте можност да го видите на тајмаутот со Вардар во првиот коло од плеј-офот“, изјави Урош Борзаш, гостин во подкастот „Балкан ракомет“.