Денеска ќе биде комплетиран и изгледот на табелата во групата Б, поточно ќе бидат познати имињата на клубовите кои ќе се пласираат во четвртфиналето и осминафиналето во Лигата на шампиони.
Во центарот на вниманието е нашиот голман, Никола Митревски. Капитенот на македонската репрезентација и неговиот Порто по победата над Целје во минатото коло ги вратија шансите да се најдат во нокаут фазата. Денеска и гостуваат на Висла (20:45 часот), а единствено сценарио за продолжување на европската сезона е победа на оваа средба. Висла има девет бода, еден повеќе од португалскиот тим, па само цел плен од Плоцк ќе биде добитно сценарио.
На останатите средби, Барселона игра против Монпеље со победа ќе ја потврди лидерската позиција, овој меч се игра исто во 20:45 часот. Претходно, во 18:45 часот, Целје игра против Гог, Веспрем е домаќин на Магдебург.