Во просториите на РФМ денеска беа извлечени четирите групите за Купот на Македонија. Бранителот на пехарот Вардар се најде во групата 2, заедно со Пролет, Голден Арт и Радовиш.
Се игра според системот 1-4 и 2-3, а победникот од групите оди во полуфиналето на Купот на Македонија.
Групната фаза ќе се игра на 23 и 24 март.