ЛЕ и ЛК: На “Максимир“ ќе врие, Ристовски и Динамо на мегдан со грчки ПАОК!

129

Четврток е денот за натпреварите во Лигата на Европа и Лигата на Конференции. Секако за овие простори, посебно за нас поради Стефан Ристовски, најинтересно ќе биде во Загреб на “Максимир“ каде вечерва од 21 часот играат Динамо и ПАОК.

Меч од 1/8 финалето во Лигата на Конференции кој предизвикува големо внимание и поради се она што летоска се случуваше во Атина меѓу домашните фанови и оние на Динамо.

Македонецот Ристовски е еден од адутите на “модрите“, сепак ќе се игра и реванш во Солун на “Тумба“ следниот четврток, па така што и да се случи вечерва во Загреб патникот во четвртфиналето ќе знае по тој меч.

Во продолжение можете да ги видите сите двојки и сатници од денешните први мечеви во оваа фаза во ЛК и ЛЕ:

ДВОЈКИ 1/8 ФИНАЛЕ – ЛИГА ЕВРОПА (ПРВИ МЕЧЕВИ)

18:45 Ч – ДЕНЕСКА

Рома – Брајтон

Карабах – Леверкузен

Спарта Прага – Ливерпул

21:00 Ч – ДЕНЕСКА

Милан – Славија Прага

Бенфика – Ренџерс

Фрајбург – Вест Хем

Марсеј – Виљарел

ДВОЈКИ 1/8 ФИНАЛЕ – ЛИГА КОНФЕРЕНЦИИ (ПРВИ МЕЧЕВИ)

18:45 Ч – ДЕНЕСКА

Ајакс – Астон Вила

Молде – Клуб Бриж

Олимпијакос – Макаби Тел Авив

Штурм – Лил

21:00 Ч

Динамо Загреб – ПАОК

Макаби Хаифа – Фиорентина

Ројал Унион – Фенербахче

Сервет – Викторија Плзен

ПретходноАмериканците тврдат дека Брејди нема да ги добие 375. милиони долари
СледноКуп на Македонија: Познати се групите и во женска конкуренција!