ЛК: Динамо Загреб го совлада ПАОК и е на чекор до четвртфиналето

1212

Со двата гола на Бруно Петковиќ, екипата на Динамо Загреб го совлада ПАОК со 2:0 во првиот осминафинален меч во Лигата на конференции. „Модрите“ одиграа одличен меч на својот „Максимир“ и не му дозволија на противникот да упати ниту еден шут кон голот.
А Динамо за кој цел меч играше Стефан Ристовски одигра итро и храбро па ја оствари целта. Сепак, пласманот не е заверен затоа што треба да одигра уште 90 минути во Солун.
Динамо поведе во 37 минута кога Петковиќ украде топка на грчките стопери и ја погоди мрежата. А во 71 минута на асистенција на Батурина, Петковиќ го реализира седмиот гол сезонава во ЛК.

Во 89 минута Петковиќ излезе од игра и му ја предаде капитенската лента на Ристовски.

На другите натпревари Макаби Хаифа – Фиорентина 3:4, Ројал Унион – Фенербахче 0:3, Сервет – Плзен 0:0, претходно Штурм – Лил 0:3, Олимпијакос – Макаби Тел Авив 1:4, Молде – Клуб Бриж 2:1, Ајакс – Астон Вила 0:0.

ПретходноЗа Митревски и Порто заврши сезоната во Лигата на шампиони
СледноЛЕ: „Покер“ голови за „росонерите“, Обамејанг го носи Марсеј кон четвртфинале