Монако ја совлада Црвена Звезда со 98:80 но во прв план е рекордот на кошаркарот на францускиот тим Мајк Џејмс кој постави рекорд како најдобар стрелец во историјата на Евролигата.
Џејмс го надмина трикратниот шампион на Евролигата и трикратниот МВП на финалните натпревари Василис Спанулис кој ја заврши кариерата со 4455 поени. Со вкупно 20 поени, 13 во првото полувреме, Џејмс сега има 4464 поени во кариерата во Евролигата.
Со оваа победа Монако е трет на табелата со скор од 18 победи и 10 порази.
THE SHOT with which Mike James made history 👏👑pic.twitter.com/x9ng0FAPKf
— BasketNews (@BasketNews_com) March 7, 2024