Љубителите на тенисот се надеваа дека на Индијан Велс можеби ќе гледаат епско полуфинале меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Но, само неколку дена подоцна по објавување на распоредот, шпанскиот тенисер се огласи во јавноста и ги разочара своите фанови.
Надал нема да игра на Индијан Велс, тој не се чувствува подготвен за еден ваков турнир.
„Со голема тага морам да се повлечам од овој прекрасен турнир во Индијан Велс. Сите знаат колку го сакам ова место и колку сакам да играм овде. Тоа е и една од причините зошто дојдов овде многу рано да вежбам и да се обидам да се подготвам.
Работев и тренирав напорно и сите знаете дека го направив тестот овој викенд, но не се чувствувам подготвен да играм на највисоко ниво на ваков важен настан.
Ова не е лесна одлука, всушност е тешка, но не можам да се лажам себеси и илјадниците фанови. Ќе ми недостигате сите и сигурен сум дека турнирот ќе биде успешен“, напиша Надал.